Yves Saint Laurent Black Opium парфем за жени

3,240.00 ден6,440.00 ден

Мирисот на Black Opium е ориентален и претставува контраст на интензитети. Поигрувајќи се со нескладноста меѓу горчливиот акорд од зрно кафе, состојка која никогаш до сега не се користела во толкава мера при создавање на женски парфем и свежите бели цветови како контраст, мирисот носи чувство на ентузијазам на граница на екстаза. Нотата на природно кафе делува природно и ги буди сите вкусови. Потоа следат меки и женствени ноти од бели цветови на јасмин и цвет од мандарина со опојни мириси на божествена ванила во комбинација со дрвенест кедар и пачули. Тие го формираат мирисот и му даваат длабочина и таинствена елеганција.

За брендот:

Yves Saint Laurent е француски моден бренд основан од Yves Henri Donat Mathieu-Saint Laurent, а често брендот и називот се препознатливи по кратенката YSL. Кариерата на Laurent започнува уште на негова 17 годишна возраст како асистент на Christian Dior, а по смртта на Dior токму Laurent бил човекот кој станал креативен директор на Dior. Оваа позиција Laurent ја добива на 21 година. Тој бил препознатлив по неодоливите парчиња облека за жени кои ги креирал. Во шеесеттите ја основа својата модна компанија која станува една од највлијателните во модната индустрија. Првиот парфем од YSL е произведен во 1964 година под називот Y за жени, а до денес се произведени над 150 парфеми од овој бренд.

На залиха
30ml50ml90ml
Исчисти
- +

Доплонителни информации

Брендови

Yves Saint Laurent

За Жени

Парфеми

милилитражи

30ml, 50ml, 90ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Yves Saint Laurent Black Opium парфем за жени”

Истотака може да ви се допадне…

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:
X