Giorgio Armani Acqua di Gioia Eau de parfum

Price range: 4.640,00 ден through 9.280,00 ден

SKU: 72

На крајбрежјето на Италија, островот Pantelleria е место каде длабокото сино-зелено Средоземно море ги спојува сонцето и земјата, создавајќи чувство на среќа, спокојство и оптимизам. Овој свеж, воден мирис, чие име значи „вода на радоста“, ја доловува едноставната среќа што може да се доживее на оваа извонредна дестинација. Горните ноти на мирисот се издигнуваат како Armani Mareблаго морско ветре, носејќи сензуална мешавина од ледено нане, топол кафеав шеќер и свежина од италијански лимон. Следно, нотите во срцевината се спојуваат со прекрасни цветни примеси на јасмин, роса од божур и траги од розев бибер. Основата се задржува на уникатна медитеранска трага од кедрово дрво и комплексните, хербални акорди на лабданум.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.