Lancôme La Nuit Trésor L’Eau de parfum

Price range: 5.520,00 ден through 8.050,00 ден

SKU: 131

La Nuit Trésor е мистична аура која содржи комбинација од ноти кои не можат да се пронајдат во друг парфем. Парфемот ја раскажува приказната за неочекуваната средба на рози и орхидеи од едната страна и ванила од Тахити од другата страна. Разновидноста на овие два цвета се спојува во совршено избалансирана хармонија на овој специфичен и препознатлив мирис. Овој спој на мирисни ноти е израз на мирисна заводливост, мистерија и страст кој не води низ мистичниот свет на темјанот до таинствените длабочини на пачули зачинети со смола и папирус.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.