-30%
Ajmal Chivalry Eau de parfum for men
Original price was: 1.220,00 ден.855,00 денCurrent price is: 855,00 ден.
Свеж и природен, Ajmal Chivalry оддекнува со мажественост. Chivalry внесува доверба кај оној кој го носи. Отменост во секој момент и неодолив шарм се длабоко всадени во секој нота од оваа композиција. Горчлив грејпфрут и доза розев бибер ги сочинуваат првичните ноти на мирисот, давајќи му остар, зачинет подтон кој инспирира самодоверба кај мажите кои го носат. Разновидност од цветни ноти, вклучувајќи го и романтичниот јасмин, освежувачкиот гераниум и сензуалната фрезија, ја прават срцевината на мирисот. Нотите на мошус обезбедуваат земјена основа, со треваст хербален подтон.
- За брендот
Ajmal
Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.







