-30%

Ajmal Enya Eau de parfum for women

Original price was: 1.760,00 ден.Current price is: 1.235,00 ден.

SKU: 1819

Направен за модерната жена, Enya е славење на безвременската женственост и природната елеганција. Овој класичен мирис е симфонија од контрастирани мириси, кои се помешани заедно за да се креира арома која е уникатна и воодушевувачка.

Горните ноти на овој мирис се прекрасен микс од бели цветови и ванила, создавајќи нежно и слатко отворање кое е понатаму истакнато од овошни подтонови. Оваа комбинација носи доза софистицираност и елеганција на мирисот, правејќи го совршен за дамите кои сакаат фини нешта во животот.

Како што горните ноти избледуваат, нотите во срцевината се место каде се истакнуваат нотите на килибар и дрвенестите ноти . Овие ноти додаваат доза топлина и раскошност на мирисот, создавајќи смирувачки мирис кој е неодолив. Основата од слатки и земјени тонови, дополнително ја продлабочуваат комплексноста на мирисот, правејќи го навистина незаборавно искуство.

Ajmal

Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.