-30%

Ajmal Silver Shade Eau de parfum for men

Original price was: 1.620,00 ден.Current price is: 1.135,00 ден.

SKU: 1820

Незаборавен мирис кој е невозможно да помине незабележано. Енергичниот Silver Shade се отвора со ноти на листови темјанушка, црна рибизла, лимета, бергамот и лимон, додека срцевината е збогатена со цветните ноти на роза, јасмин и ирис. Нотите на кедар, сандалово дрво, тонка зрно, бел мошус, сив килибар и цивет (животински ноти) го обвиткуваат парфемот за да го задржат мирисот непроменет.

Ajmal

Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.