Armani Privé Bois d’Encens Eau de Parfum

22.840,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-2-1-1-1-1-1-1-1

Посвета на митските акорди во парфимеријата.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Луксузниот Eau de parfum Bois d’Encens го претставува сомалискиот темјан, мирисна рефлексија на часовите што Giorgio Armani ги поминувал со својата баба во италијанските цркви. Тоа е преродба на мистеријата на најстариот познат парфем во светот, Kyphi, создаден пред 4000 години од Египќаните. Bois d’Encens извира од сопствените сеќавања на Giorgio Armani. „Сакав да го рекреирам мирисот на темјан од моето детство, кога одев во црква со баба ми“, се сеќава тој. „Имаше длабочина и топлина кои ме потсетуваа и на црниот камен од Пантелерија. „Мистичен и заводлив, Bois d’Encens ја балансира суштината и чистиот темјан на дрвенестите парфеми и е раскошно збогатен со ветивер и кедар. Тоа е луксузниот мирис што Giorgio Armani го носел секој ден.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.