Armani Privé Cypres Pantelleria Eau de Toilette
Price range: 10.790,00 ден through 15.190,00 ден
Џорџо Армани беше инспириран од бреговите на Пантелерија за тоалетната вода CYPRÈS PANTELLERIA, создавајќи омаж на ова фасцинантно сицилијанско вулканско острово.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Џорџо Армани беше инспириран од бреговите на Пантелерија за тоалетната вода CYPRÈS PANTELLERIA, создавајќи омаж на ова фасцинантно сицилијанско вулканско острово. Пантелерија, со своите контрасти меѓу медитеранската светлина и вулканските карпи, ја открива убавината на автентичната природа, каде недопрените пејзажи ја бришат границата меѓу копното и морето.
CYPRÈS PANTELLERIA ја доловува душата на островот преку спојување на свежите ноти на чемпресот и морската пена, носени од регенеративниот морски провев, со природни елементи дестилирани во обновувачка мирисна композиција. Парфемот ја спојува водената сила и елегантната ароматична топлина на флората на Пантелерија. Создаден да биде милувачки и обновувачки, овој мирис ја содржи утринската морска свежина што ги ниша гранките на чемпресите.
Парфемот се отвора со остар и блескав сјај, благодарение на хармонијата од цитрусните ноти на мандарина, бергамот и кедар кои се преплетуваат со цветниот нероли. Срцето е совладувачки бран од морска свежина, каде водениот акорд се спојува со мошусната нота и балсамичната интензивност на есенцијата од чемпрес.
Базата создава контрасти и дава структура. Додека килибарните дрва со минерални ноти се испреплетуваат со интензивните акорди на дабов мошус, пачулито и ветиверот создаваат чувство на дрвенеста пена. Cyprès Pantelleria е сместен во препознатливото проѕирно стаклено шише на Armani / Privé, крунисано со црн капаче.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.








