Armani Privé Pivoine Suzhou Eau de Toilette

Price range: 10.790,00 ден through 15.190,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1

Посвета на природата и митските градини.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Giorgio Armani ја доловува природната совршеност на овој легендарен цвет, спојувајќи елеганција и свежина со нежна, долготрајна сензуалност. Ова е првиот Armani/Privé мирис инспириран од митските градини на Азија. Pivoine Suzhou Eau de Toilette е воедно и прослава на најомилениот кинески цвет – божурот. Симбол на древната кинеска империја, божурот претставува среќа, грациозност и просперитет.

Pivoine Suzhou е композиција од исклучителна убавина, совршен баланс меѓу уметноста и природата. За Џорџо Армани, создавањето на висока мода или мирисна колекција секогаш бара таква хармонија на елементите. Овој мирис е ода на градините на Suzhou во Кина. Тој ја доловува природната совршеност на божурот кој истовремено е и светкав и опоен.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.