Нема на залиха

Armani Privé The Yulong Eau de Toilette

15.190,00 ден

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1

Спротивставувачка, но истовремено хармонична мешавина од чаеви.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Eau de Toilette композиција што ги претставува ароматичните екстракти од црн и зелен чај, носејќи те на сетилно патување низ планините Јулонг во Кина. Мирисот ги впива сите страни и контрасти на чајот, бидејќи црниот и зелениот чај се доведуваат во суптилен контакт. Црниот чај ги доловува магливите Јулонг планини, додека зелениот чај и цитрусните ноти го освежуваат мирисот и ги доловуваат снежните врвови кои ги опкружуваат. Комбинацијата резултира со зачаден, дрвенести, но сепак свеж и цитрусен мирис.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.