Armani Privé The Yulong Soie de Nacre Eau de Toilette
15.190,00 ден
Свеж и дрвенест унисекс мирис.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Совршен баланс помеѓу свежината на зелен чај и цитрус, и интензивноста на црн чај и зачадени дрва, збогатени со свиленкасти бисери за да ја осветлат кожата. Thé Yulong е уникатна ароматична комбинација од екстракти од црн и зелен чај, кои те носат на сетилно патување низ еден од најпознатите пејзажи во регионот Јунан во Кина, планините Јулонг.
Мирисот ги впива сите страни и контрасти на чајот, бидејќи црниот и зелениот чај се доведуваат во суптилен контакт. Црниот чај ги доловува магливите Јулонг планини, додека зелениот чај и цитрусните ноти го освежуваат мирисот и ги доловуваат снежните врвови кои ги опкружуваат. Комбинацијата резултира со зачаден, дрвенести, но сепак свеж и цитрусен мирис.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.








