Bell HYPOAllergenic BB Cream SPF 50, BB крема со висока заштита од сонце

649,00 ден

SKU: 1347-2

Хипоалергена BB крема со SPF 50.

Опис

BB кремата со SPF 50 е повеќефункционален производ кој комбинира нега за кожа и заштитни својства, истовремено и изедначување на тенот. Нејзината лесна текстура обезбедува интензивна и долготрајна покривност, истовремено хидрирајќи и заштитувајќи ја кожата од штетните UVA и UVB зраци, благодарение на филтерот SPF 50.
Формулата е збогатена со хијалуронска киселина, која ефективно ја хидрира и зацврстува кожата, давајќи и здрав, блескав изглед. Покрај тоа, џусот од алое вера лист има смирувачки и негувачки ефекти, додека смолата од дрвото Shorea Robusta помага во зацврстување на заштитната бариера на кожата. Со нејзината богата формула, BB кремата е идеална за оние кои ценат ефективност и природност во нивната секојдневна нега на кожа и makeup рутина. Достапна во 4 варијанти: 01 NUDE, 02 NATURAL, 03 AMBER, 04 CAPPUCCINO.

PETA сертифициран производ. Производ погоден за вегани. Содржи 76% состојки од природно потекло. Погодна за лица со чувствителна кожа или кожа склона кон иритации. Тестирано под надзор од дерматолог.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси го производот на лицето со сунѓерче или со прсти, и внимателно изблендај или истапкај на кожата со сунѓерчето.

ТРИК ОД MAKE-UP АРТИСТ:
За здрав и блескав ефект на кожата, можеш да додадеш и капка од течниот хајлајтер во твојата BB крема. Овој трик ќе го направи твојот тен да изгледа посветол и одморен.

Bell

Bell HYPOAllergenic е полски бренд за декоративна козметика создаден со фокус на чувствителна кожа и безбедна формула. Нивните производи добија признание благодарение на високиот квалитет и употребата на модерни решенија. Сите производи се дерматолошки тестирани, без мириси и често збогатени со нежни состојки, со цел да обезбедат удобност и сигурност при секојдневната употреба. Брендот нуди широк избор на шминка што комбинира квалитет, нега и модерен изглед, овозможувајќи природна убавина без компромис.