Biotherm Aquasource Total Eye Revitalizer гел за околу очи со разладувачки ефект 15мл
3.140,00 ден
Крема за околу очи од Biotherm која Ви овозможува свеж и ревитализиран изглед. Формула составена од сите состојки за хидратација од Aquasource линијата, збогатена со специфична комбинација на ефект на ладење и осветлување на пределот околу очите. Подочниците и темните кругови се намалуваат, линиите за дехидрирање се измазнуваат, а контурите на очите се хидрираат постојано.
Начин на употреба:
1. Со врвот на прстите и нежни кружни движења нанесете во пределот околу очите.
2. Со врвот на прстите нежно притиснете го внатрешниот агол од окото и со мали кружни движења масирајте под долниот очен капак.
3. Со врвот на прстите нежно допрете над горниот очен капак, следејќи ја линијата на веѓите, а потоа продолжете под окото со движења нанадвор.
- За брендот
Biotherm
Biotherm е премиум бренд за нега на кожа познат по својата комбинација на напредна биотехнологија и природни состојки. Инспириран од моќта на водата и термалните извори, брендот создава производи збогатени со Life Plankton™, уникатна состојка со смирувачки и регенерирачки својства. Biotherm нуди ефикасна нега за лице и тело, со лесни текстури, свежо чувство и формули кои ја хидрираат, заштитуваат и ревитализираат кожата.










