Нема на залиха

Biotherm Aquasource Aqua Pure Flash унисекс прочистувачка и хидратантна маска за лице 31гр.

1.150,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 3614273010115

Aqua Pure Flash е една од трите маски за лице која длабински ја хидрира кожата. Благодарение на моќната комбинација од салицилна киселина (која има големо ексфолирачко дејство) и вода со пробиотик од Life Plankton, оваа маска овозможува чиста и хидрирана кожа со само една апликација. Една маска е доволна за длабинско надополнување на природната влажна бариера на кожата, го намалува дејството на бактериите (ги “отпушува” порите) и воспалението врз кожата. Производот е наменет за сите типови на кожа. Оваа маска за лице совршено се вклопува и надополнува со концентратот Aqua Pure Super Concentrate.

Начин на употреба:

Несете ја маската на веќе исчистено лице, внимателно отворете и нежно нанесете ја на лицето. Откако ќе ја нанесете отстранете го синиот слој од маската и со врвот на прстите измазнете ја маската во пределот околу очите, носот и усните. Оставете да делува 15 минути. Отстранете ја нежно, потоа масирајте го лицето со преостанатиот производ додека целосно не се впие во кожата или отстранете го вишокот со туфер за лице. Нема потреба од измивање на лицето. По употреба на маската за лице, може да нанесете ов Вашиот серум или крема за лице, за дополнителна хидратација на кожата.

 

Biotherm

Biotherm е премиум бренд за нега на кожа познат по својата комбинација на напредна биотехнологија и природни состојки. Инспириран од моќта на водата и термалните извори, брендот создава производи збогатени со Life Plankton™, уникатна состојка со смирувачки и регенерирачки својства. Biotherm нуди ефикасна нега за лице и тело, со лесни текстури, свежо чувство и формули кои ја хидрираат, заштитуваат и ревитализираат кожата.