Biotherm Blue Retinol ноќен серум против стареење за нормална до масна кожа 30мл

7.660,00 ден

Погледни кошничка
Достапност: На залиха SKU: 3614273622554

Моќта на бионауката на брендот Biotherm достигна ново ниво благодарение на ноќниот серум Blue Retinol, нова генерација производи за нега на кожа, кои го комбинираат регенеративното дејство на Life Plankton екстрактот со чист ретинол. Резултатот е во засиленото дејство на чистиот ретинол со веганска формула. Клинички докажано ги намалува брчките кај 100% од жените, го подобрува квалитетот на кожата, ја прави мазна и го изедначува тенот. Blue Retinol ноќниот серум ги почитува темелните вредности на брендот Biotherm, формулата е веганска, 92% биоразградлива, а пакувањето е поеколошко со 25% рециклирано стакло.

Начин на употреба:

Нанесете навечер на претходно темелно исчистено лице. Во текот на првата недела, нанесете два пати неделно, потоа постепено зголемувајте ја употребата на серумот – на секоја втора вечер. Во случај на чувство на непријатност на кожата, зголемете го интервалот (деновите) на употреба и/или намалете ја количината. За време на користењето на овој серум, на кожата треба да и дадете добра хидратација. Нанесете го навечер на претходно темелно исчистено лице и пред нанесување на хидратантна крема, како дел од вашиот ноќен ритуал. Избегнувајте го пределот околу очите и очните капаци. Не се препорачува користење на серумот во комбинација со други креми кои содржат ретинол, освен со кремата од Biotherm Blue Pro-Retinol. Додека го користите серумот, избегнувајте директно изложување на сонце и користете производи со заштитен фактор секој ден.

Ефект (главни придобивки од производот):
Ја измазнува кожата, ги намалува и корегира брчките, текстурата на кожата и го изедначува тенот.

Рок на употреба (од отварање): 6 месеци

Biotherm

Biotherm е премиум бренд за нега на кожа познат по својата комбинација на напредна биотехнологија и природни состојки. Инспириран од моќта на водата и термалните извори, брендот создава производи збогатени со Life Plankton™, уникатна состојка со смирувачки и регенерирачки својства. Biotherm нуди ефикасна нега за лице и тело, со лесни текстури, свежо чувство и формули кои ја хидрираат, заштитуваат и ревитализираат кожата.