-40%
Boss Alive Eau de parfum
Price range: 3.740,00 ден through 5.485,00 ден
Создаден целосно од жени, за жените, BOSS Parfums ни го открива ALIVE, мирис за жени кои прават смели потези. Независни, елегантни и моќно женствени, жените кои го претставуваат духот на ALIVE, разбираат дека спонтаноста и среќата се исто толку важни за нивната приказна, како и посветеноста и фокусот. Тие знаат дека да се биде вистински кон самите себе, е нивната најголема сила.
Во кампањата за овој парфем, учествуваат четири светски таленти: Emma Roberts, Bruna Marquezine, Laura Harrier и Chloe Bennet. Кампањата нуди уникатна перспектива за искуствата кои прават тие да се чувствуваат живи.
ALIVE е овошен и дрвенест парфем, креиран од реномираната парфимерка Annick Ménardo, како женски придружник на култниот BOSS Bottled машки мирис. Разигран мирис, ALIVE е дизајниран да ги инспирира жените да го живеат животот до максимум секој ден. Мирисот се развива преку ноти на енергетско јаболко, остар мирис на црна рибизла, слива, како и топол цимет, кој го потсетува оној што го носи дека животот најдобро се живее динамично. Дополнувањето од природна мадагаскарска ванила, станува маркер на парфемот, симбол на joie de vivre (радост на живеењето) кој ALIVE жената го поседува. Во флоралната срцевина, индискиот јасмин самбак во контраст со мајчина душичка ги обвиткува сетилата. “Столбот“ или основата на мирисот е составена од вибрантни и силни ноти на дрва, кои се всушност компонирани од ноти на кинеско кедрово дрво, нежно и кремасто сандалово дрво, маслиново дрво и златно дрво од Алјаска, кое нуди смирувачка топлина и сила која ја инспирира ALIVE жената да маршира во нејзин ритам.
Елегантното шишенце со архитектонски облик е дизајнирано од страна на германската изработувачка на накит, Amelie Riech. Тешкото стакло е врамено во златна рамка, цврст и опиплив потсетник дека среќата може да се најде во секој момент.
#FeelALIVE
Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци
- За брендот
Boss
BOSS Perfumes се експертски изработени за да ја отсликаат моќната личност на BOSS мажот и жената, нудејќи рафинирани и модерни парфеми дизајнирани да го збогатат изгледот на оној кој ги носи и да го надополнат нивниот модерен начин на живот.




















