Carolina Herrera Good Girl Blush Eau de parfum 80ml + travel size 10ml

11.160,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 8411061092750

Good Girl Blush од Carolina Herrera е нежен, но привлечен chypre-цветен мирис кој зрачи со женственост и шарм со деликатен баланс од свежина, цветови и топлина. Се отвора со прекрасната светлост на бергамот, споена со суптилниот јаткас горчлив бадем, создавајќи поканувачко и софистицирано претставување. Срцевината расцветува со блескавата елеганција на божур, чии свежи, розеви нијанси се прекрасно надополнети од егзотичната кремавост на ylang-ylang, додавајќи длабочина и богата флоралност. Во базата, мирисот се приземјува во топла и утешителна прегратка од слатка ванила и ароматичниот карактер на кумарин. Good Girl Blush е грациозен и модедрен мирис, совршен за оние кои сакаат мешавина од нежни цветови и суптилни гурмански акценти.

Мирисни ноти:
Почетни ноти: бергамот, горчлив бадем
Срцевина: божур, Ylang-Ylang
База: ванила и кумарин

Carolina Herrera

„Имам одговорност кон жената на денешницата – да се почувствува самоуверено, модерно и над сè останато, убаво.“- Carolina Herrera

Дизајнерката родена во Венецуела, Carolina Herrera, создаде модна империја во чиј центар е нејзинaта дизајнерска облека и универзумот на мириси. Линиите конзистентно се наградувани за нивната елеганција и женственост од самото основање во 1980 година. Долгогодишната њујорчанка редовно ги осипува страните на жолтиот печат како една од најелегантните и најграциозни жени во градот. Од создавањето на компанијата во 1980 година, па до ден денес, таа е многукратно наградувана, а меѓу другите награди доделена ѝ е наградата „Geoffrey Beene Lifetime Achievement Award” во 2008 година. Почетоците во мирисната индустрија датираат од 1988 година, во која за прв пат е лансиран првиот женски парфем, за да во 1991 година ја лансира првата машка линија. Мирисите уште од почетокот изобилуваат со колосален карактер и исполнети се со шарм и елеганција.