Clinique All About Clean™ 2-in-1 Cleansing + Exfoliating Jelly прочистувачки + ексфолирачки гел за сите типови кожа 150мл

2.330,00 ден

Погледни кошничка
Достапност: На залиха SKU: 192333081020

Нежен гел за длабинско чистење, збогатен со салицилна киселина, кој ги остранува честичките од загадување и други нечистотии.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Clinique’s All About Clean™ 2-in-1 Exfoliating Jelly е нежен длабински чистач и ексфолијатор за лице во една формула.
Помага во отстранување на наталоженоста од загадување и други нечистотии.
Два-во-еден формула со два типа ексфолирачи – салицилна киселина и зрнца од бамбус – која е дизајнирана да биде помоќна отколку чистач користен самостојно, но сепак е доволно нежен за секојдневна употреба.
Ја остава кожата мазна и освежена со видлив сјај.
Водечките дерматолози на Clinique препорачуваат нежна ексфолијација за сите типови коѓа. Отстранувањето на мртвите клетки од површината на кожата и вишокот масност, помагаат во поттикнување на природната регенерација на кожата, со цел твојата најнова и најсвежа кожа да дојде до израз.

ПРИДОБИВКИ:
Овој ексфолирачки лосион инстантно обезбедува клинички докажани придобивки* за кожа која:
Изгледа посјајно
Изгледа помазно
Има помалку забележливи пори.

*Клинички тестирано на 31 жена.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Формулиран со салицилна киселина и прав од бамбус.

Факти за формулата
Клиничка експертиза
Тестирана на алергии
Без парфеми

Не содржи:
Парфеми
Парабени
Фталати
Масло
Синтетички бои

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Намокри ги лицето и дланките. Стисни количина од производот во форма на паричка на дланките.
Запени и масирај на кожата.
Добро исплакни неколку пати со млака вода, избегнувајќи го пределот околу очите.
Избегнувај триење на активни акни.

Clinique

Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.