Clinique Clarifying Do-Over Peel пилинг за чистење и сјајност на кожата кој не се одмива 30мл

3.360,00 ден

Погледни кошничка
Достапност: На залиха SKU: 192333125717

Ултра лесен водест гел кој обезбедува интензивна пополнувачка хидртаација.
Дерматолошки, офталмолошки и алерголошки тестиран производ. Без парфеми.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Clinique Clarifying Do-Over Peel е пилинг за во домашни услови, кој не се одмива.
Со специјални 32% микро киселини + Complex, тој поттикнува обнова на клетките преку ексфолијација на повеќе нивоа, отстранувајќи ги мртвите клетки кои се наталожуваат на површината и делувајќи длабоко во површината на кожата за да помогне во рано справување со идните несовршености.
Освен што ги отстранува мртвите клетки на кожата, исто така ги отстранува нечистотиите и вишокот масност, кои придонесуваат за затнување на порите и водат кон појава на акни.
Ја остава кожата поблескава и обновена.
Помага во подобрување на текстурата на кожата, за чувство на мекост и мазност.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Ексклузивни 32% микро киселини + Complex features:

Мешавина од 7 киселини AHAs/BHA/PHA
Помага во отстранување на мртвите клетки кои се таложат на површината на кожата и прават таа да има едноличен изглед. Мешавината вклучува: гликолна киселина, млечна киселина, лимонска киселина, винска киселина, пирувична киселина – сите алфа хидроксилни киселини: салицилна, бета-хидроксилна киселина и лактобионична киселина, поли хидроксилна киселина.

Екстракт од алга
Помага во оптимизирање на природната обнова на клетките, преку промоција на појава на свежи клетки на површината.

Екстракт од квасец
Ферментирана состојка богата со нутриенти, која делува длабоко во површината на кожата, помагајќи во оптимизирање на природниот процес на обнова на клетките, со цел рано справување со несовршеностите.

Факти за формулата
Клиничка експертиза
Дерматолошки тестирана
Алергиски тестирана
Без парфеми

Не содржи:
Парфеми
Парабени
Фталати

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
2 до 3 пати неделно, нанеси го на памучен туфер и помини го лицето на чиста кожа, избегнувајќи го пределот околу очите. Не плакни.
Продолжи со серум и хидратантна крема.
Доколку го користиш Clarifying Lotion, прескокни го во оние вечери кога го користиш Clarifying Do-Over Peel.
Користи според упатствата. Доколку настане иритација, ограничи ја фрекфенцијата на користење, а доколку иритацијата продолжи – престани со употреба и консултирај се со доктор.
Користи заштита од сонце и ограничи го изложувањето на сонце додека го користиш производот и неделата по користење.

Clinique

Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.