Clinique Moisture Surge™ 100H Auto-Replenishing Hydrator хидрaтантна крема за сите типови кожа

Price range: 2.070,00 ден through 6.530,00 ден

Погледни кошничка
SKU: 2053

Дерматолошки препорачан навлажнувач за лице со алое bioferment и хијалуронска киселина, кој обезбедува инстантна хидратација која ја смирува кожата во 3 секунди. 100% инстантна и видлива доза хидратација и сјај.
Дерматолошки и алерголошки тестиран производ. Безбеден за чувствителна кожа. 100% без парфеми.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Длабински хидрира
Многу нешта можат да придонесат за дехидрирање на кожата, вклучувајќи стрес, недостаток на сон, загадување, патување со авион и време поминато под сонце. Бори се против сите нив со Moisture Surge™ 100H Hydrator. Гел-навлажнувач кој пенетрира длабоко во површината на кожата за 100 часовна стабилна хидратација.

Штити од дехидрататори
Антиоксидантна мешавина од витамини Ц и Е, кои помагаат во заштита од секојдневните дехидрататори, со цел кожата да стане поотпорна.

Ја смирува кожата
Кожата е смирена, хидрирана и сјајна за 3 секунди.

Подготвува за шминка
Лесниот освежувачки навлажнувач со хијалуронска киселина обезбедува мазна површина за нанесување шминка.

РЕЗУЛТАТИ
По едно нанесување:
100% поттикната хидратација* и сјај.**
Инстантна влажност за +174%.
Обезбедува 100 часа стабилна хидратација.

*Клиничко испитување на 19 жени.
**Клиничко испитување на 27 жени.

По една недела користење:
99% потврдиле дека кожата е длабински хидрирана.*
95% потврдиле дека кожата изгледа пополнето.*
91% потврдиле дека кожата изгледа сјајно.*
98% потврдиле дека кожата е поотпорна.*
95% потврдиле дека кожата се чувствува поздраво.*

*Потрошувачки тест на 110 жени.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Биоферментирано алое
Алое вера растението е концентрирано повеќе од 500 пати, а потоа дополнително се трансформира во биофермент преку внимателен процес на ферментација од 10 чекори повеќе од 5 денови. Резултатот е состојка богата со нутриенти која помага во одржување на влажноста на кожата.

Хијалуронска киселина
Оваа навлажнувачка состојка креира “резервоар за влажност“ за идеална хидратација. Формулата е експертски помешана со две молекули на хијалуронска киселина со различна тежина.

Мешавина од витамин Ц и Е 
Помага во антиоксидантна заштита притив секојдневните дехидрататори.

Техинолгија за авто-пополнување
Користејќи активирана алое вода и кофеин, помага во активирање на сопствениот систем на кожата за рехидратација.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Користи наутро и навечер на чиста кожа.
Исто така може да се нанесе и над шминка како влажен хајлајтер.
Може да се користи и како 5 минутна маска за лице: Нанеси поголема количина на лицето. Остави ја да дејствува, а потоа отстрани ја.

Clinique

Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.