Нема на залиха

Clochee Gentle Cleansing Foam нежна пена за чистење на лицето 150мл

1.286,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 5907648379022

Gentle Cleansing Foam од Clochee со својата кремаста текстура ја милува кожата, нежно и ефективно отстранувајќи ги сите нечистотии и остатоци од шминка.

Опис

Gentle Cleansing Foam од Clochee нежно ја милува твојата кожа, а нејзината кремаста текстура, комплексот за чистење и растителните екстракти, ефективно ги отстрануваат сите нечистотии и остатоци од шминка и се грижат за кожата.

Бенефити потврдени од потрошувачки тестови:
100% од испитаниците потврдиле дека пената е доволно кремаста
97% од испитаниците го опишале посебното чувство на чиста кожа
97% од испитаниците потврдиле дека удобноста на кожата е вратена по употреба на пената 

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Екстракт од ванила овошје
Има антиоксидантен ефект, ја измазнува површината на кожата  и има прекрасен мирис.

Екстракт од јасмин 
Омекнува и измазнува, ја зацврстува хидро-липидната бариера на кожата и има прекрасен мирис.

Сируп од пченка
Има антивоспалителен ефект и делува против чешање. Ја подобрува еластичноста и отпорноста на кожата.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на мокро лице и кожата на вратот. Нежно масирај со кружни движења. Исплакни со вода. Користи го наутро и/или навечер.

КАКО ДА СЕ РЕЦИКЛИРА:
Стави го шишето и капачето во контејнер наменет за метали и пластика. Стави ја пумпата во контејнер за мешан отпад. Стави ја етикетата во контејнер за мешан отпад.

ДЕЈСТВО:
Формулата на Gentle Cleansing Foam е збогатена со многу скапоцени состојки.
Џус од лист од алое вера: како еден од хумектантите (Што се хумектанти? Тие се хигроскопски супстанци кои имаат навлажнувачки својства), нивната структура овозможува ефективно впивање и задржување на молекулите на вода, со цел враќање на влажноста и спречување на сушење на епидермисот. Доколку сакаш да знаеш како да спречиш сушење на кожата – џусот од лист од алое вера е една од состојките која сигурно ќе ти помогне.
Дополнително, навлажнувачкиот ефект на пената е надополнет и од способноста на ало вера да пенетрира длабоко во епидермисот. Совршен е за деликатна, чувствителна или кожа склона кон розацеа, бидејќи има антивоспалителни својства. Ја смирува иритираната кожа и го забрзува регенерирањето на малите епидрмални оштетувања, и нежно го поддржува процесот на чистење при процесот на миење.
Екстрактот од овошје ванила, благодарение на полифенолот, има силен антиоксидантен ефект, истовремено измазнувајќи ја текстурата на кожата и давајќи и кадифеста мекост. Има антивоспалителни и антисептични својства. Учествува и во мирисот на Gentle Cleansing Foam, што го прави нанесувањето попријатно. Добрата состојба на хидро-липидниот слој обезбеден од пената е многу важен, бидејќи се однесува како заштитна бариера на кожата и ја штити од бактерии, нечистотии, ветер и екстремни температури.

МИРИСНИ НОТИ:
Горни ноти: цитрусна свежина од мандарина и бергамот
Ноти во срцевина: нежни бели цветови, вода, ноти на озон
Базни ноти: егзотични дрва, пачули, сандалово дрво, мошус, сив килибар