Dolce & Gabbana Devotion Eau de parfum for women
Price range: 6.910,00 ден through 9.290,00 ден
Dolce&Gabbana Devotion претставува патување, заводливост и охрабрување, мирис кој е способен да ги разбуди позитивните вредности до кои брендот Dolce&Gabbana секогаш блиску се држи.
Ова е олфлактивна креација на исклучителен контраст на светлите горни ноти со сензуалните ноти кои се во базата.
ДИЗАЈН
Јасни линии декорирани со свето срце кое го украсува шишенцето на Devotion.
Универзален симбол на љубовта во сите нејзини облици и нијанси.
Мирисот е креиран од Оливер Кресп ексклузивно за Dolce&Gabbana.
Горни ноти:
Мирисот се отвара со примамливи, гурмански ноти на цитрус.
Срцевина:
Блескава свежина која ја дава цветот од портокал.
База:
Топли и сензуални ноти од ванила.
Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци
- За брендот
Dolce & Gabbana
Dolce & Gabbana е италијанска луксузна модна куќа, основана во 1985-тата година од страна на италијанските дијзанери Domenico Dolce и Stefano Gabbana. Тие се сретнуваат во Милано во 1980 година каде тоа време дизајнираат и работат како асистенти за модниот дизајнер Giorgio Correggiari. По неколку години работа како колеги, во 1982 даваат отказ и отвораат свое дизајнерско консултантско студио, каде се уште дизајнирале за други брендови се додека не го основаат нивниот. Три години подоцна, во 1985 година во Милано е основан брендот Dolce & Gabbana, а истата година тие ја претставуваат и својата прва женска колекција. Првиот парфем на брендот е Dolce&Gabbana Pour Femme, кој е наречен еден од најдобрите парфеми претставени во последните 20 години. Синоним за италијанскиот гламур и сицилијанската традиција, Dolce & Gabbana нуди луксуз на еден модерен и неконвенционален начин, комбинирајќи ја силната иновација со медитеранскиот вкус. Dolce & Gabbana го преточува гламурот од нивните колекции на пистите, во сензуални мириси, црпејќи инспирација од медитеранските корени на брендот.






