Emporio Armani Stronger With You Amber Eau de parfum
8.580,00 ден
Откриј го Stronger With You eau de parfum amber, топол мирис кој помешува нота на килибар со ноти на свежа лаванда и топла ванила во срцевината, претставени во блескаво шише инспирирано од сјајноста на килибарниот камен.
Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Откриј го Stronger With You eau de parfum amber, блескавата страна на STRONGER WITH YOU колекцијата. Овој fougère – килибарен мирис, чиј прекрасен мирис се задржува на кожата, е инспириран од испреплетената светлост на килибарниот камен. За да се создаде топлиот ефект на мирисот, композицијата на STRONGER WITH YOU AMBER помешува килибарни ноти во срцевината, со горни ноти на свежа лаванда и топла ванила во базата. Мирисот е украсен во префинето шише, вечно светло, инспирирано од блескавоста на килибарниот камен.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.











