-20%

Estee Lauder Advanced Night Cleansing Balm Cleanser балсам со 3-во-1 текстура за чистење на лице 70мл

Original price was: 3.880,00 ден.Current price is: 3.105,00 ден.

Достапност: На залиха SKU: 887167620834

Инстантно ја растопува шминката, заштитниот фактор од сонце и друго. 3 во 1 текстура.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Од Nighttime Skincare Expert доаѓа врвно искуство за чистење на лицето, креирано да го започне твојот ритуал за нега на кожа.

Задоволство и моќ на 3 текстури во 1: Балсамот со текстура како путер, се трансформира во нежно масло за чистење како што го масираш на кожата. Додади вода за да исплакнеш и тоа повторно ќе се трансформира, овој пат во нежно млеко кое лесно се одмива без да остави трага.

Инстантни резултати:
99% велат дека нивната кожа е мека, мазна и хидрирана.*
98% велат дека се чувствуваат удобно во кожата*
98% велат дека нивната кожа изгледа и се чувствува здраво*
97% велат дека кожата е оставена со здрав, блескав сјај*

Смирувачката формула вклучува инфузија од масло богато со липиди, вклучувајќи 25% масло од семе од шафраника. Ова богато масло е познато дека ја негува и обновува кожата, одржувајќи ја мека и еластична.

Нежно, но ефективно ја отстранува дури и тврдокорната и водоотпорна шминка на лицето, очите и усните, заштитниот фактор од сонце и нечистотиите. Овој отсранувач за шминка на база на масло дејствува без да ја суши кожата или да ја наруши бариерата за влага или киселоста на кожата.

Ја остава кожата мека, мазна и навлажнета.

Уживај во саканата трансформирачка текстура, мирис и формула како претходниот Advanced Night Cleansing Balm, сега во редизајнирано пакување.

*Потрошувачки тест на 104 жени. 

ПРИДОБИВКИ:
Инстантно ја растопува шминката, заштитниот фактор од сонце и друго. 3 во 1 текстура.

ТИП НА КОЖА:
За сите типови кожа.

ИДЕАЛЕН ЗА:
Нежно дневно чистење
Отстранување на шминка

ФАКТИ ЗА ФОРМУЛАТА:
Дерматолошки тестирана
Офталмолошки тестирана
Формулирана да не го наруши pH нивото на кожата
Отстранувач на шминка на база на масло
Не ја суши кожата
Не ја соголува кожата
Не предизвикува акни, нема да ги запуши порите
Без глутен
Без состојки од животинско потекло
Без сулфати, парабени, фталати, сулфити, силикони, формалдехиди и донори, алкохол, минерални масла

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Секоја вечер, масирај нежно на сува кожа, вклучувајќи ги и очите, но затворени. Потоа исплакни го темелно овој чистач на база на масло со млака вода.

 

Estee Lauder нега за кожа

Estée Lauder е престижен американски козметички бренд, основан 1946 година од страна на самата Estée Lauder, претприемачка и визионерка со страст за убавина. Брендот е светски познат по неговите висококвалитетни производи за нега на кожа, шминка и парфеми.
Изграден врз филозофијата дека “секоја жена може да биде убава“, Estée Lauder комбинира научни иновации со елегантен луксуз. Таа е една од првите компании кои нудеа персонализирани консултации за убавина и е заслужна за пионерскиот современ маркетинг за нега на кожа. Денес, Estée Lauder е глобален лидер во индустријата за убавина, на кој луѓето му веруваат за своите ефективни производи против стареење, софистицирана шминка и безвременски мириси, а воедно е и водечки бренд за Estée Lauder Companies, кои поседуваат и многу други големи брендови за убавина.