-25%
Giorgio Armani Acqua di Gio Elixir
Original price was: 9.640,00 ден.7.230,00 денCurrent price is: 7.230,00 ден.
Искуси ја сировата моќ на морето со интензивниот ACQUA DI GIÒ Elixir.Leto so Armani
За брендот:mani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
ACQUA DI GIÒ ELIXIR е најинтензивната и најконцентрирана експресија на култниот ACQUA DI GIÒ мирис. Овој прекрасен мирис за мажи ја доловува сировата сила на морето, канејќи те на сензорно патување во неговите длабочини. Вибрантен еликсир кој ја помешува свежината на водените ноти со прекрасната привлечност на ноти на љубичица и сензуалната топлина на кожа, креирајќи вистински незаборавно мирисно искуство. Интензивната, долготрајна силажа обезбедува мирисот да се задржи на кожата, оставајќи воодушевувачка трага.
Оваа нова интерпретација на класичниот воден мирис ја редефинира интензивноста. Мастер парфимерот Alberto Morillas, креаторот на оригиналниот ACQUA DI GIÒ, на експертски начин помешува енергични цитруси со прекрасна срцевина и моќна база. Мирисот се отвора со експлозија од калабриски бергамот и есенција од зелена мандарина, доловувајќи ги сончевите пејзажи на Медитеранот. Срцевината на мирисот се развива со препознатливата водена свежина на Calone™, потсетување на оригиналниот ACQUA DI GIÒ, испреплетен со длабоката и асертивна елеганција на ноти на љубичица. Базните ноти резонираат со сила и сензуалност, содржејќи есенција од пачули од Гватемала, ексклузивна состојка за Giorgio Armani, чистата елеганција на срцевина од ветивер, килибарна топлина на лабданум и длабоката, примална есенција на ноти на кожа.
Елегантната интензивност на ACQUA DI GIÒ ELIXIR е рефлектирана и во софистицираното ново шишенце. Заобленото коцкасто шише изработено од мазно стакло, открива мистериозен црн излакиран изглед, потсетување на најреткиот опсидијан (вулканска карпа), алудирајќи на скриен луксуз и прекрасна моќ. Сребрените букви на надворешното пакување обезбедува впечатлив контраст, акцентирајќи ја елегантната силуета на шишето. Тешката база на стаклото додава чувство на цврстина, додека магнетното капаче го комплетира модерниот дизајн.
Giorgio Armani