Giorgio Armani Acqua di Gio Profondo Eau de parfum
Price range: 5.340,00 ден through 8.930,00 ден
Како нурнување во длабокото сино море, сетилата се будат со есенциите од зелена мандарина и бергамот, додека ултра-морската, речиси ледена нијанса, е пренесена од препознатливите морски ноти на Acqua di Giò.
Додека пенливите меурчиња кислород излегуваат на површината во горните ноти, во срцевината се спојуваат ароматичните рузмарин, лаванда, чемпрес и lentisk (зимзелена грмушка карактеристична за медитеранот). Оддекнувајќи со машки карактер на длабочина и интензитет, нотите на дрвенестиот пачули и обвивачкиот мошус во основата, конечно се спојуваат со солениот акцент на минералниот акорд на килибар.
Креиран од страна на мастер парфимерот Alberto Morillas, Acqua di Giò Profondo мирисот за мажи е сместен во препознатливото шише овој пат од мат стакло, откриен во елегантна, речиси непроѕирна темносина боја, која ги доловува длабочините на морето. Ароматичен воден мирис со ноти на свежа мандарина и морски ноти, зачинети нијанси на ароматични есенции и дрвенесто-минерална трага која е омекната од пачули и мошус.
Покана да го откриеш своето вистинско ЈАС, како длабоко нурнување во длабочината на својата душа. Acqua di Giò Profondo е модерен, рафиниран и длабоко мажествен мирис. Препознатливите морски ноти на Acqua di Giò се модернизирани со AQUOZONE – насовремената водена молекула, за нова динамичност и јодна свежина. Комбинацијата на бергамот и зелена мандарина од Бразил, внесува експлозивен, сочен и пенлив карактер на композицијата.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.









