Giorgio Armani Beauty Skin Tint Long-wear & Carae тонирана крема за лице 30ml
3.950,00 ден
Долготрајна нијансирана крема со лесна надградлива покривност и сјаен завршеток.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
24 часовна нијансирана крема која инстантно ја пополнува, измазнува и осветлува кожата, обезбедувајќи надградлив завршеток со лесна текстура и блескав завршеток.
Долови golden-hour ефект со блескавата Skin Tint на Armani. Оваа лесна тонирана крема содржи Golden Hour Pearls кои ја “фаќаат“ светлината за блескав и здрав изглед на кожата. 92% серумската формула како свила, збогатена со хијалуронска киселина и ниацинамид, ја хидрира кожата и поттикнува нејзината сјајност. Надградлива покривност од ниска до средна, незабележлива и погодна за сите типови кожа.
ПОКРИВНОСТ:
Надградлива
ЗАВРШЕТОК:
Природен
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
– За да го изедначиш тенот со лесна покривност, нанеси 1-2 испумпувања од производот и изблендај со прстите.
– За да ја надградиш покривноста, нанеси во еднакви слоеви со четка за пудра.
– За потаргетирана покривност на дамки или темни точки, искомбинирај ја Skin Tint со Luminous Silk коректорот.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.










