Giorgio Armani Code Parfum Refill 150ml

10.590,00 ден

SKU: 3614273604895-1

ARMANI CODE ја отсликува суштината на модерната мажественост, со ново елегантно шишенце со силни линии, исклучителна мирисна композиција и посветеност кон одржлив развој.

ARMANI CODE воздивнува со ноти кои вибрираат арома бергамот од Калабрија, Италија. Vert de Bergamot се добива со помош на молекуларна дестилација, што му овозможува на парфимерот внимателно да ги одбере специфичните молекуларни делови на бергамот. Оваа иновативна и ексклузивна техника на создавање ноти, ја изолира свежата и зелена горна нота на бергамот, а притоа на мирисот му дава долготрајна свежина.

Сржта на овој мирис се состои од арома на мускатна жалфија од Прованса, југот на Франција. Својата софистицирана срж овој мирис ја должи на спојот на природни и технолошки ноти на ирис. Мешавината од природна смола од ирис од Мароко и синтетичките алдехиди на ирис, дава нова чувствителност на ароматичниот и препознатлив мирис ARMANI CODE.
Со оглед на тоа дека се потпира на наследството на оригиналниот мирис на ARMANI CODE, моќната основа на овој мирис е обележана со моќната арома на тонка зрно од Бразил. Во комбинација со ноти на кедрово дрво од Вирџинија – САД, основните ноти на мирисот ARMANI CODE доаѓаат како придружба на доминантниот, препознатлив мирис на ARMANI CODE.

При создавањето на новиот ARMANI CODE мирис, г.Armani како извор на инспирација ги зема денешните мажи, мажи кои се слободни да ја изразат својата автентична машкост и да бидат во допир со своите чувства. Овие нови правила го отелотворуваат она што отсекогаш било визија на Giorgio Armani: чувствителна мажественост, богато изнијансирана.

ARMANI CODE ги обновува правилата на потрошувачката на луксузни производи, ставајќи ја планетата во самата срж на својот дизајн. За придонес на брендот во борбата против климатските промени, Giorgio Armani одбира состојки од природно потекло од одржливи извори и поддржува програми за зачувување на шумите.

Во склад со постојаните напори насочени кон одржливоста, еколошки дизајнираното шише на ARMANI CODE мирисот, може повторно да се наполни во сите формати, благодарение на дополнителното полнење од 150мл.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.