Giorgio Armani I Will Eau de parfum
Price range: 5.710,00 ден through 9.630,00 ден
Откриј го I WILL, нова интерпретација на мажественоста, отелотворена во впечатливо архитектско шишенце со црни и топли златни тонови.
Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци
- Опис
- За брендот
- СОСТОЈКИ
Опис
Откриј го I WILL, модерна интерпретација на мажественоста, отелотворена во впечатливо архитектско шише со остри линии и комбинација од црна и топла златна боја.
Воспоставувајќи неоспорна присутност, мирисот се отвора со блескав наплив од свежина. Светлиот бергамот од Калабрија, Италија, е испреплетен со свежа, ароматична лаванда, додека акордот од лист од темјанушка му дава непогрешлива светлост.
Во самата срцевина на мирисот се открива радикален контраст: топлиот, сензуален и зависен апсолут од ванила од Мадагаскар, се судрува со дрвенесто-кожени ноти компонирани од woodleather, иновативна молекулула која ја редефинира машката сензуалност, пружајќи досега невидена магнетска длабочина, моќ и долготрајност. Оваа посебна молекула ја појачува привлечната длабочина на апсолутот од авнила и отвора пат на топлиот, моќен и мажествен потпис кој остава силен впечаток.
I WILL буди истрајност и самодоверба, оставајќи зад себе интензивна и препознатлива трага. Станува збор за мирисен потпис кој останува со тебе од утро до мрак, создаден за мажите кои поседуваат отпорност и волја сами да ја обликуваат својата судбина.
КЛУЧНИ НОТИ:
КАЛАБРИСКИ БЕРГАМОТ: Воспоставувајќи непорекливо присуство, блескава експлозија од свежина го отвора мирисот со блескав бергамот од Калабрија, Италија.
КАЛАБРИСКИ БЕРГАМОТ: Воспоставувајќи непорекливо присуство, блескава експлозија од свежина го отвора мирисот со блескав бергамот од Калабрија, Италија.
ЕСЕНЦИЈА ОД ЛАВАНДА: Во срцевината, мирисот е проткаен со свежа, ароматична лаванда, додека акордот од лист од темјанушка ја позејмува својата непогрешлива светлост.
АПСОЛУТ ОД ВАНИЛА ОД МАДАГАСКАР И ДРВЕНЕТО-КОЖЕНИ НОТИ: Топлиот, сензуален и зависен апсолут од ванила од Мадагаскар е ослободен од својата традицонална женствена слаткост. Ослободена од своите гурмански страни, се судрува со дрвенесто-кожени ноти, компонирани од woodleather, молекула која ја редефинира машката сензуалност со невидена магнетска длабочина, моќ и долготрајност.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанеси го првото прскање на зглобовите и внатрешноста на лактите за инстантна доза енергија. Комплетирај го ритуалот со прскање на вратот за 24 часовна долготрајна* трага, и за чувство на моќ кое ќе остане со тебе цел ден.
*Потрошувачки тест, 69 мажи
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.
560638 05 – INGREDIENTS: ALCOHOL • PARFUM / FRAGRANCE • AQUA / WATER / EAU • TETRAMETHYL ACETYLOCTAHYDRONAPHTHALENES • LINALYL ACETATE • CITRUS AURANTIUM BERGAMIA PEEL OIL • CARVONE • LIMONENE • LINALOOL • VANILLIN • JUNIPERUS VIRGINIANA OIL • POGOSTEMON CABLIN OIL • PINENE • LAVANDULA OIL/EXTRACT • HYDROXYCITRONELLAL • COUMARIN • SCLAREOL • BETA-CARYOPHYLLENE • CITRUS AURANTIUM PEEL OIL • CITRONELLOL • ROSE KETONES • PELARGONIUM GRAVEOLENS FLOWER OIL • CITRUS LIMON PEEL OIL • TERPINEOL • TERPINOLENE • GERANYL ACETATE • GERANIOL • CITRAL • ALPHA-TERPINENE • METHYL 2-OCTYNOATE • CAMPHOR (F.I.L. N70093774/2).













