Giorgio Armani Si Eau de parfum Intense Refill 100ml

10.790,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614273983020

Оддавање почит на моќта да кажеш да, Sì претставува избор воден од причина, но и емоција. Да кажеш Sì е да кажеш да на страста, на слободата, на љубовта и на себеси и да го охрабриш изразувањето на модерната женственост. Дизајнот на новото скапоцено шишенце, кое може повторно да се полни, е направен да трае. Изработено со уникатна мајсторија, обликот на култното Sì шише е украсено со впечатливо Sì лого во златна боја, вметнато на самото стакло. Мирисот на SÌ EAU DE PARFUM INTENSE му дава на Sì потопла страна, помешувајќи нектар од црна рибизла со кадифесто-флорална срцевина и сензуален букет од ванила. Состојките кои го дефинираат SÌ EAU DE PARFUM INTENSE се добиени со користење на едни од најнапредните рафинирани методи, за да се создаде уникатен и посебен мирис.

SÌ EAU DE PARFUM INTENSE е вметнат во рециклирачко шише кое може повторно да се полни. Сите формати на новото шише можат повторно да се полнат и надополнуваат со гест без напор и без ризик од истурање, благодарение на on-off затворачот на Refill шишето.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.