Нема на залиха

Giorgio Armani My Way Eau de parfum Refill 100ml

9.280,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 3614273875752

MY WAY е мирис на откритија и врски за проширување на видиците и отварање нови хоризонти. Мирис за љубопитната и автентична жена која е подготвена да ги прошири своите хоризонти и да искуси значајни средби низ целиот свет.

Овој женски мирис е средба помеѓу внимателно избрани состојки. Бергамот придружен со египетскиот цвет од портокал во светкав, пенлив почеток, со засилен блескав цветен букет од тубероза и индиски јасмин. Конечно, живописното кедерово дрво од Вирџинија се сретнува со сензуална ванила од Мадагаскар и бел мошус за да остави потпис.

Шишенцето MY WAY е амајлија која  ги доловува сите важни средби. Сино-златното капаче е амајлија дизајнирана за да биде понесена со себе каде и да одите. Синиот камен ја симболизира бојата на земјата, универзалната боја која нѐ обединува сите нас, нѐ поврзува едни со други, но воедно и нѐ обединува со нашата планета. Во капачето е врежан златен прстен кој претставува симбол на уникатна патека која е осветлена од секоја средба по патот. Златниот прстен е со печат – потписот на Giorgio Armani. Луксузната сина ткаенина е ода за култниот свет на модата Armani.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.