Giorgio Armani Si Parfum

Price range: 6.730,00 ден through 13.570,00 ден

SKU: 2049-1

Прифати ја моќта на самодовербата со Sì Parfum, најинтензивната и сензуална експресија на безвременската елеганција на Sì.

Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци

Опис

Прифати ја моќта на самодовербата со Sì Parfum, најинтензивната и сензуална експресија на безвременската елеганција на Sì. Овој мирис е префинета, гурманско-кожена интерпретација на препознатливиот Sì chypre мирис, но сега со заводлив нов интензитет.

Во срцевината, заводливите зачадени и елегантни ноти на ванила ја формираат суштината на овој прекрасен chypre и гурманско-кожен мирис. Мирисот се отвора со моќната свежина на нектар од црна рибизла, суптилно проткаен со скапоцена нота на шафран, додека раскошната доза од Дамаск се развива во срцевината. Оваа богата роза се топи со кадифестата ванила во топла, заводлива прегратка. Во основата, ванилата се развива во својата најсензуална и најзаводлива форма, надополнета со ноти на антилоп и земјен пачули.

Sì Parfum е сместен во култното Sì шишенце, украсено со тридимензионално Sì лого во златна боја. Шишето блеска како парче скапоцен накит, со зачадена градација во основата, која елегантно го нагласува топлиот, килибарен мирис.

Откриј го Sì Parfum, мирис кој ја отелотворува моќта на женствената елеганција и магијата на бесконечните можности.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на пулсни точки: зглобови, внатрешност на лактите и вратот.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Предупредување: Запалив гас.
Предупредување: Предизвикува сериозна иритација на очите.
Чувај го подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други запаливи извори. Пушењето е забрането.

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.