Giorgio Armani Si Passione Eau de parfum 50ml + travel size 10ml
8.240,00 ден
Ослободи ја страста со Giorgio Armani Sì Passione Holiday Set, кој содржи 50ml EDP и практичен 10ml парфем за патување.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Разгори ги сетилата оваа празнична сезона со Giorgio Armani Sì Passione Holiday Set, динамично дуо дизајнирано за жената која се осмелува да каже ДА на животот. Овој привлечен сет содржи 50ml од прекрасниот Sì Passione Eau de Parfum, совршено надополнет од практично мини пакување од 10ml, овозможувајќи ти носење на твојот препознатлив мирис каде и да одиш.
Giorgio Armani Sì Passione е моќна реинтерпретација на класичниот Sì мирис, збогатен со нова димензија на живописна интензивност и огнена страст. Овој светол, овошно-цветен мирис се отвора со прекрасни ноти на нектар од црна рибизла, засилени од светла нота на круша. Срцевината открива страстна мешавина од роза и јасмин, создавајќи софистициран цветен букет кој е истовремено смел и елегантен. Мирисот потоа се завршува со топла, сензуална основа од ванила и кедрово дрво, оставајќи незаборавна и смела трага. Sì Passione е изјава за желба и сила, симболизирајќи ја модерната жена која е самоуверена, слободна и подготвена да ги прифати животните предизвици со страст.
Дополнувањето од 10ml спреј за патување го прави овој празничен сет исклучително сестран, совршен за освежување во движење, за во чанта или пак за твојата следна авантура. Без разлика дали ќе го подариш на твоите сакани или го купуваш за себе, Giorgio Armani Sì Passione сетот нуди мирисно искуство кое отелотворува смелост, женственост и елан за животот. Претставен во празнично пакување, тој е идеален подарок за да ја направиш оваа празнична сезона незаборавна.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси го парфемот на пулсни точни како што се зглобовите, вратот и зад ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да влијае на мирисот. Прскај го парфемот на оддалеченост од околу 15-20 cm.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.





