-25%

Giorgio Armani Si Passione Eclat Eau de parfum

Original price was: 11.220,00 ден.Current price is: 8.415,00 ден.

SKU: 1312

Страста му дава смисла на твојот живот, те инспирира да ја откриеш својата сила. Страста евоцира храбра, модерна женственост која ти овозможува да го освоиш светот со грациозност и независност.

Giorgio Armani открива покана да кажеш “Si на страста” со Si passione eclat de parfum, нов мирис кој ја доловува идејата дека страста осветлува сечиј живот.

Заради почитта кон природата, Giorgio Armani секогаш дава предност на состојки со одговорно потекло, како и во овој блескав мирис кој припаѓа на фамилијата цветни рози. Комбинира светли ноти на црна рибизла со бергамот кој потекнува од Италија. Во срцевината на мирисот се рози набрани во Франција и Турција. Конечно, во основата на мирисот белиот мошус дава чист, мек и сензуален карактер, додека инфузијата од ванилата од Мадагаскар носи ефект кој е истовремено привлечен и зачински.

Подготви се да го осветлиш твојот живот со страст. Зачекори во сопствениот идентитет без компромиси.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.