Нема на залиха

Kérastase Blond Absolu Le Bain Cicaextreme ултранавлажнувачки шампон во форма на крема за нега на осветлувана коса 250мл

1.700,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 3474636948642

Збогатен со хијалуронска киселина, шампонот во форма на крема и овозможува ултимативна нега и искуство на секоја руса коса која била подложна под третман со бланширање. Ултра мека, богата и кремаста текстура која на косата и нуди неверојатно искуство, длабинско прочистување кое истовремено овозможува и длабока хидратација и мекост. Оваа нова технологија овозможува хидратација на влакното од корен до врв, обновување и заштита од третманите со бланширање правејќи го поцврсто и поздраво со секоја употреба. Формулата е збогатена со моќна комбинација на хијалуронската киселина и еделвејс масло, состојки кои длабински ја обновуваат еластичноста на влакното, обновувајќи ја бланшираната коса и правејќи ја цврста, отпорна, блескава без да се крши и да се разделува на врвовите.

Начин на употреба

Може да се користи во дуо со Bain Ultra-Violet (прво шампонирање Cicaextreme, второ Bain Ultra Violet) или самостојно. Се нанесува врз мокра коса. Додади вода и масирај за да создадеш богата пена. Масирај убаво. Исплакни. Повтори.

Kérastase

Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.