Kérastase Blond Absolu Cicaflash балсам за руса коса 75мл

1.100,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 3474636692392

Опис:

Овој млечен гел во нежна боја на лаванда има обновувачко својство на маска со нежен финиш на балсам за коса. Формулата интензивно ја снабдува косата и го негува влакното благодарение на составот кој е комбинација на Хијалуронска киселина и Еделвајс пудра во прав кои инстантно го измазнуваат, зацврстуваат и омекнуваат секое влакно истовремено длабински потхранувајќи го. Производот е идеален за сите тонови на руса коса и овозможува заштита од кинење на влакното и негова ерозија. Косата е мека и хидрирана со блескав сјај.

Начин на употреба

Како се користи: во големина на лешник нанеси врз мокра коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон врвовите на косата избегнувајќи го коренот . Остави да делува 2-3 минути и убаво исплакни.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Kérastase

Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.