Нема на залиха
Kérastase Resistance Sérum Extentioniste серум за стимулација на раст на коса 50мл
3.350,00 ден
Високо концентриран серум со активни состојки кои стимулираат раст на силна и здрава коса. Овој енергизирачки третман без отплакнување е клучен чекор во формирање на здрав скалп и средина за раст на косата. Неговата немасна формула ја активира моќта на керамидите кои ќе го заштитат скалпот од надворешните агресори и истовремено ќе го стимулираат и енергизираат коренот. Нанеси со нежна масажа на скалпот. Серумот е идеален за поттикнување и активирање на здрав раст и должина на косата.
Енергизирачки серум без отплакнување кој го стимулира и заштитува скалпот за здрава и долга коса.
ТРЕТИРА: Коса која расте споро и има оштетени врвови
ТИП НА КОСА: Кревка коса склона на кршливост и врвови кои се разделуваат
КАКО СЕ КОРИСТИ: Нанеси максимум 3 пипети од Sérum Extentioniste по должината на скалпот, еднаш до два пати неделно. Користејќи ги врвовите на прстите , втриј го серумот во скалпот со кружни движења.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ: Керамидите кои дејствуваат на површното оштетено ниво, идеално ја прочистуваат површината на коренот од влакното и помагаат при обновување на кутикулите на влакното при што го заштитуваат додека расте.
- За брендот
Kérastase
Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.











