Kérastase Elixir Ultime Le Masque маска збогатена со масла за коса без сјај 200мл

3.250,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 3474636614172

Идеална за безживотна коса во потрага по сјај, оваа маска длабоко навлегува и ја третира косата, враќајки го нејзиниот сјај и мекост. Безживотната коса е потхранета, мека и визуелно посјајна.Витамините Ц и Д,како и Омега 9, се подеднакво распределени благодарение на маслото од Марула кое помага во обновување на влакното. Во комбинација со Bain Elixir Ultime, разделените врвови се обновени и и се овозможува на косата да достигне нова природна должина. Оваа маска може да се користи повремено како длабок третман или како редовен третман во комбинација со шампон.

ТРЕТИРА: Безживотна коса во потрага по сјај

ТИП НА КОСА: Безживотна коса

КАКО СЕ КОРИСТИ: Нанеси врз мокра коса просушена со пешкир. Масирај по должината па се до врвовите, избегнувајќи го коренот. Остави да делува 5 минути. Одмиј убаво.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

Уникатна комбинација од 5 скапоцени масла:
◦масло од Марула: збогатено со витамини Ц и Д, претставува интензивен извор на потхрана овозможувајќи ги потребните хранливи состојки.
◦масло од камилица: помага во измазнување на влакното, резултирајќи со неверојатен сјај.
◦масло од пченка:активна состојка која има клучна улога во функцијата на потхранување и заштита.
◦Pracaxi масло: за сјај, нега и длабока потхрана на косата.
◦Арганово масло: Ја обновува цврстината на косата и ја заштитува од надворешните агресори.

Kérastase

Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.