Kérastase Chronologiste Masque Intense Régénérant Hair Mask интензивна регенерирачка маска за коса ослабена од знаци на стареење

Price range: 1.650,00 ден through 3.750,00 ден

SKU: 123-123-123-80

Ревитализациска маска за младост на косата ослабена од знаци на стареење.

Рок на употреба (од отварање): 12 месеци

Опис

Masque Intense Régénérant by Kérastase е ревитализирачка маска за младост на косата, збогатена со хијалуронска киселина и абисин. Формулирана е за косата ослабена со знаците на стареење: сувост, недостаток на сјај, волумен и густина, frizz и несакано туткање.

Оваа богата маска ја омекнува косата, го олеснува расчешлувањето и помага во задржување на влажноста внатре во влакното, пружајќи и на косата неопходно чувство на мазност и здравје. Нејзината текстура со леснотија се лизга од коренот до врвовите, создавајќи заштитен слој на површината на косата, кој ја штити косата од надворешни влијанија. Косата останува обвиткана во препознатливиот Chronologiste мирис, кој ја претвора секојдневната рутина во луксузен третман.

ПРИДОБИВКИ:
-97% помалку кршење*
+75% поголема мазност*
93% од жените потврдиле дека полесно ја обликуваат косата**

*Инструментален тест по нанесување на целосната Chronologiste рутина: шампон + маска + ноќен серум
**Потрошувачки тест по нанесување на целосната Chronologiste рутина: шампон + маска + ноќен серум

ТАРГЕТИРА:
Сува безживотна, истенчена коса без волумен и склона кон туткање.

ЕФЕКТ НА КОСАТА:
Анти стареење

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Хијалуронска киселина:
Ги хидрира косата и скалпот. Ги пополнува влакната за изглед на погуста коса.

Абисин:
Ги обновува и ревитализира влакната коса. Пружа беспрекорен завршен изглед на косата.

МИРИСНИ НОТИ:
Почетни ноти: Бергамот, ирис и зелени ноти
Срцевина: Фрезија, роза и морски ноти
Основа: Акорд на мошус, бели цветови и пачули Orpur од Индонезија

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанеси по шампонирање со Bain Régénérant. Остави да делува 5 минути, а потоа темелно исплакни. За оптимални резултати, негата продолжи ја со ноќниот серум Overnight Youth Serum.

 

Kérastase

Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.