Kérastase Elixir Ultime L’Huile Originale Refillable масло за долготраен сјај и заштита на коса
Price range: 1.950,00 ден through 4.050,00 ден
- Не можете да додадете "Prada Paradoxe Eau de parfum 50ml + travel size 10ml" во кошничката, бидејќи продуктот нема залиха.
Почасти се со врвното луксузно масло Kérastase Elixir Ultime, кое сега може повторно да се полни. Збогатено со најдобрите состојки, вклучувајќи дива камелија и француска камелија, секоја капка е длабок луксузен третман за сите типови коса.
Култното златно масло нуди врвен перформанс за длабинска нега, зацврстување и негување на влакното, истовремено обезбедувајќи прекрасен сјај и на најдивата или наелектризирана коса.
Ултра-лесно за побрза апсорпција, овој ексклузивен еликсир овозможува сјај на безживотната, сува или наелектризирана коса и делува како заштита од топлина за време на стилизирањето.
Одржлив луксуз: шишето, изработено од 30% рециклирано стакло и Refill пакувањето, направено од 95% рециклирана пластика, помагаат да се намали отпадот без да се загрози елеганцијата.
Нурни во чист луксуз со ова масло кое не се одмива и кое го носи нежниот мирис на препознатливиот Kérastase парфем и откриј мултисензоријално искуство кое ја носи твојата нега на коса на следно ниво.
ГЛАВНИ ПРИДОБИВКИ:
✔ Обезбедува висок сјај и долготраен сјаен ефект на косата.
✔ Обезбедува инстантна мекост, правејќи ја косата полесна за стилизирање.
✔ Го контролира frizz-от 96 часот и ја измазнува косата.
✔ Помага во зацврстување на косата и спречува кршење.
По 2 капки:
+100% поголема сјајност*
+70% инстантна мекост** (INTER claim)
-76% помал frizz ефект за време на 96часот** (INTER claim)
*инструментален тест по 48 часа
**инструментален тест
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси 1 или 2 испумпувања на сува коса како третман кој не се одмива. Започни со нанесување од средина на должината, а потоа продолжи кон врвовите. Стилизирај по желба.
Може да се користи и како третман пред чистење, пред сушење со фен, како завршен чекор или како доза хидратација во текот на денот.
КАКО ПОВТОРНО ДА НАПОЛНИШ:
Лесно можеш повторно да го наполниш твоето шише благодарение на 3 лесни чекори:
- Одврти го празното refill масло и одвои го од стакленото шише.
- Отпакувај го новото refill пакување и стави го во стакленото шише.
- Заврти го refill-от во насока на стрелките на часовникот за да го заклучиш и рециклирај го празното refill шише со отстранување на пумпицата.
- За брендот
Kérastase
Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.











