Kérastase Genesis Trio Holiday Set: Genesis Anti-Chute Fortifiant 90ml + Genesis Bain Hydra-Fortifiant 80ml + Genesis Fondant Renforçateur 70ml

3.100,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3474637386030

Genesis негата за коса од Kérastase комбинира таргетирана нега за оштетена коса, истовремено помагајќи и во намалувањето на опаѓањето поради кршење.

Опис

GENESIS ANTI-CHUTE FORTIFIANT 90ml
Секојдневен серум за слаба коса склона кон опаѓање и кинење. Формулата е збогатена со аминексил, еделвејс природни клетки и корен од ѓумбир, кои ја подобруваат цврстината на влакното и го прават поотпорно во борбата против опаѓање и кинење. Серумот помага во процесот на всадување на фоликули од косата и создава оптимална средина за раст на влакното. По неколкудневна употреба серумот го измазнува и хидрира скалпот создавајќи природна заштитна бариера на косата од опаѓање. Текстурата во облик на желе го олеснува нанесувањето на серумот и не дозволува негово растекување по скалпот. Косата е поцврста, поубава и поздрава.

GENESIS BAIN-HYDRA FORTIFIANT 80ml
Шампон против опаѓање за слаба коса склона кон опаѓање и кинење на влакното. Нежно го прочистува и хидрира влакното со што се намалува ризикот од опаѓање и кинење. Оваа ултра нежна формула е идеална за нормална до масна коса и скалп со што од нив се отстрануваат вишокот на себум и нечистотиите. Неговата нежно-прочистувачка активност го измазнува и хидрира влакното од корен до врв, правејќи го здраво и цврсто. Збогатена формула со едејвејс природни клетки и корен од ѓумбир, која го зацврстува влакното и му дава интензивна еластичност со што се намалува ризикот од опаѓање и кинење. Косата е подготвена за понатамошен третман, негувана и зацврстена со подобрен волумен.

GENESIS FONDANT RENFORCATEUR 70ml
Балсам против опаѓање на слаба коса склона кон опаѓање и кинење на влакното. Оваа кремаста формула нуди заштита од кинење и мек финиш. Му помага на влакното да ја обнови и хидрира неговата природна цврстина со што се намалува ризикот од опаѓањето и кинењето на косата. Формулата е збогатена со едејвејс природни клетки и корен од ѓумбир кои инстантно го измазнуваат, зацврстуваат и омекнуваат влакното снабдувајќи го со длабока потхрана. Косата е обликувана, сјајна и поцврста.

Kérastase

Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.