Lancôme Absolue Golden Cream Mask лист маски за лице збогатени со Absolue Soft крема и 24 каратно злато, 5 x 15гр.
8.490,00 ден
Откриј безнапорен луксуз со регенеративната и осветлувачка крем-маска од Absolue линијата за нега на кожа на Lancôme. Постигни изглед на осветлена и хидрирана кожа со оваа иновативна лист маска збогатена со култната Absolue Soft Cream збогатена со екстракт од рози и 24 каратно злато. Формулирана да ја потхрани, пополни и омекне кожата, оваа маска работи на осветлување на тенот за видливо подобрени резултати.
Лист маската е збогатена со 15 грама крема, со цел да ја достави истата концентрација колку што содржи една тегличка од 15мл од Absolue Soft Cream Refillable. Микровлакненцата се формираат според обликот на твоето лице, ефикасно распространувајќи ја култната формула на Absolue Soft Cream. Подобри го природниот процес на регенерација на кожата за осветлен и помлад изглед.
Начин на користење:
Остави ја маската да делува 20 минути. Користи ја еднаш неделно.
Чекор по чекор:
Чекор 1: Внимателно одвиткај го долниот дел од маската.
Чекор 2: Со кремата надолу, нанеси на долниот дел од лицето, користејќи ја устата за ориентација.
Чекор 3: Следно, внимателно одвиткај го горниот дел од маската.
Чекор 4: Со кремата надолу, нанеси на горниот дел од лицето, користејќи ги очите и носот за ориентација.
- За брендот
Lancôme Нега за Кожа
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.













