Lancôme Absolue Soft лесна ревитализирачка и осветлувачка дневна крема за лице 60мл
19.430,00 ден
Лесна крема за лице со уникатна трансформирачка текстура, која видливо ги намалува брчките и фините линии, истовремено подмладувајќи ја кожата со цврстина, сјај и 24 часовна хидратација. Направена со ексклузивна мешавина од екстракти од рози (Lancome Rose™, Centifolia Rose и Rose Damascena), оваа крема видливо ја ревитализира кожата со влажност и цврстина. Брчките и фините линии се видливо намалени, а кожата е помазна, посветла, посјајна, поизедначена и со подмладен изглед. Обновата на површинските клетки на кожата е подобрена, а бариерата на кожата заштитена.
Начин на користење:
Нанеси рамномерен слој на чиста и сува кожа. Да се употребува секојдневно наутро и/или навечер.
Главни придобивки:
Против стареење, осветлува и обновува.
Каков тип проблем таргетира:
По нанесувањето, Absolue Soft кремата и помага на кожата да се чувствува смирено и поудобно.
Оваа крема ќе и помогне на кожата да изгледа ревитализирано и посјајно.
Помага во обнова на клетките на површината.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- За брендот
Lancôme Нега за Кожа
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.






