Lancôme Cils Booster Lash Revitalizing Serum ревитализирачки серум за трепки
4.000,00 ден
Зацврстете ги вашите трепки со серумот за ревитализација од Lancôme. Густ серум за трепки за подолги, погусти и полни трепки. Исто како и косата, трепките се подложни на оштетувања. За само четири недели, Cils Booster Lash Revitalizing Serum помага трепките да станат погусти, подебели и поцврсти.
Начин на употреба:
Како да се нанесе од серумот за трепки?
1. На претходно темелно исчистена област околу очите нанесете од серумот за трепки по линијата на трепките, од коренот до врвот, двапати дневно.
2. Почекајте 1 минута и 30 секунди пред да нанесете од вашата омилена Lancome маскара за очи.
Совет: За уште поцврсти трепки нанесете Cils Booster XL Primer на трепките пред да ја нанесете омилената маскара.
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.








