Lancôme Crème-Mousse Confort кремасто-пенест чистач за лице со екстракт од шипка и вода од роза за сува кожа 125мл

3.020,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3605530744560

Crème Mousse-Confort има богата кремаста текстура и иновативна формула збогатена со масло од шипка и смирувачка вода од роза, која ја негува и чисти кожата од нечистотии. Кожата е мека на допир, без чувство на затегнатост. Наменет за сува кожа. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден и за чувствителна кожа.

Начин на употреба:

Пената за чистење Crème-Mousse Confort ќе ги отстрани сите нечистотии со користење наутро и/или навечер. Нанеси мала количина од производот на дланката, направи богата пена и нанеси на влажно лице. Масирај со кружни движења, со што ќе поттикнеш длабинско чистење и микроциркулација. На крајот, исплакни со вода.

Главни придобивки:

Чисти и детоксифицира.

Каков тип проблем таргетира:

Удобно искуство на чистење на кожата, без чувство на сушење.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Lancôme Нега за Кожа

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.