Lancôme Effacernes коректор за лице со заштитен фактор SPF30

3.250,00 ден

SKU: 1457

Овој покривен коректор кој дава природен изглед, ти овозможува инстантно да ги елиминираш знаците на стрес и умор. Обезбедува природна покривност, го изедначува тонот на кожата, ги покрива темните кругови и ја минимизира појавата на ситните линии околу очите за беспрекорен завршеток.

Начин на користење:

Нанеси онаму каде е потребно со прсти или со помош на четка.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Lancôme Шминка

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.