Lancôme Génifique активирачка дневна крема за лице за сите типови кожа 50мл

7.310,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3605532024844

Започни го патувањето кон кожа која изгледа помладо, со Génifique кремата на Lancôme, богата секојдневна крема за лице која промовира видливо помлад изглед на кожата. Таргетирај ги знаците на стареење со оваа кадифесто мека текстура, која обезбедува долготрајна влажност, овозможувајќи ѝ на кожата чувство на мекост. Покрај хидратацијата, го враќа и природниот сјај на кожата, а обезбедува и помазен и изедначен тен.

Користиј ја заедно со бр.1 серумот на Lancôme – Advanced Génifique Serum, за да ја комплетираш твојата рутина за нега на кожа против стареење.

Начин на користење:

Секојдневно нанесувај ја кремата по нанесување на серум-активаторот за лице – Génifique Youth Activating Concentrate, за кожа која изгледа помладо и се чувствува помазно.

За видливо подмладена контура на очите, користи ја во комбинација со Génifique Yeux Light-Pearl™

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.