Lancôme Rose Sugar Scrub нежен хидратантен пилинг за лице, за сите типови кожа 100мл

3.020,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614272227026

Смела шминка, недостиг од сон, пребукирана агенда, стрес, брз начин на живот… Твојата кожа е уморна и без сјај.  За инстантно помазна кожа, пробај го нашиот пилинг.
Содржи зрнца шеќер кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и ја прават мазна и изедначена. Збогатен е со мед од багрем и вода од роза, кои ѝ даваат чувство на удобност и еластичност.

Начин на користење:

1. Отстрани ја шминката и нечистотијата со Eau Micellaire Confort.
2. Нанеси мала количина од пилингот на исчистена влажна кожа.
3. Масирај нежно со кружни движења 1 минута: овој лесно загревачки пилинг е збогатен со кристали од природен шеќер кои инстантно се топат на кожата.
4. Исплакни темелно со млака вода.

Главни придобивки:

Чисти и детоксифицира.

Каков тип проблем таргетира:

Кожата инстантно се чувствува мазно, удобно и пополнето.

Lancôme Нега за Кожа

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.