Lancôme Hypnôse Drama сет маскара за очи + Crayon Kohl Noir миди црн молив за очи + Bi Facil водоотпорен отстранувач на шминка 30мл

3.300,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274393576

Опис

Откриј го Hypnôse Drama сетот од Lancôme. Овој сет вклучува Hypnôse Drama маскара, мини Crayon Khôl молив за очи во црна боја и Bi-Facil отстранувач за шминка на очи 30мл.

Hypnôse Drama Mascara:
Постигни инстантен драматичен волумен со маскарата Hypnôse Drama – најволумизирачката маскара на Lancôme, која обезбедува до 17 пати поголем волумен*. Формулата е збогатена со двопроцентен bonding комплекс, кој ги негува трепките, и доаѓа со култната Hypnôse Drama волумизирачка четка во S форма, која ги покрива трепките од коренот до врвот за екстра волумен.

*Инструментален тест на 24 жени.

Mini Black Crayon Khôl Eyeliner Pencil:
Мазен молив за очи кој лесно се бленда. Кремастиот ајлајнер кој ултра лесно се бленда, обезбедува дефинирана боја и се нанесува прецизно со еден потег. Користи го Le Crayon Khôl моливот околу очите и на водената линија за да го разубавиш твојот makeup изглед.
Про совет: За да исцрташ беспрекорна линија, исцртај линија по линијата на трепките и изблендај со четка.

Bi-Facil:
Отстранувач на шминка за очи без масла. Липидната фаза ја отстранува шминката од очите, додека водената фаза користи уникатни емолиенти за совршено да ја исчистат кожата. Протреси го шишенцето пред употреба и користи го Bi-Facil Soothing Eye Makeup Remover со памучен туфер. Нежно притисни на затворени очи, а потоа нежно повлечи го памучниот туфер низ очите.

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.