Cacharel Ella Ella Eau de parfum 50ml + travel size 10ml
6.100,00 ден
Одлетај во нови оризонти со ELLA ELLA и откриј ја твојата вистинска природа.
Сетот содржи: Ella Ella Eau de parfum 50ml + travel size 10ml
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Одлетај во нови хоризонти со ELLA ELLA и откриј ја твојата вистинска природа.
Cacharel го претставува својот прв парфем кој може повторно да се полни: Ella Ella Eau de Parfum. Славење на самооткривањето, самодовербата и женственоста. Создаден за слободните и весели жени кои уживаат во секој момент од животот, овој мирис ја рефлектира убавината на трансформацијата, каде силата и добрината се спојуваат во совршена хармонија.
Мирис кој те кани да леташ – ELLA ELLA, ја отсликува суштината на претворањето на она што си, давајќи ти слобода да ја изразиш својата уникатна индивидуалност во секој момент.
ELLA ELLA Eau de Parfum е многу повеќе од мирис, тој е израз на самодовербата и индивидуалноста. Со хармонична мешавина од флорални, овошни и топли ноти, тој ја рефлектира комплексноста и безвременската елеганција на модерната жена. Замисли парфем кој се отвора со свежина од букет на бели цветови: апсолут од свет од портокал и јасмин. Потоа, те обвива во слатката пријатност на гурманската нота на кокос, засилена од инфузија од бурбон ванила, добиена од одржливи извори од Мадагаскар.
Мирисна фамилија: Floral chypre
Почетни ноти: Нота на кокос, есенција од бергамот
Срцевина: Апсолут од свет од портокал, јасмин самбак
Базни ноти: Есенција од пачули, инфузија од бурбон ванила
Посветеност кон одговорен луксуз
Твоето ELLA ELLA шише е премногу скапоцено да се фрли. Cacharel е посветен кон поодговорен пристап на луксузот, нудејќи шише кое може повторно да се полни и кое го намалува влијанието во средината.
Системот за повторно полнење значително ја намалува потрошувачката на:
– 67% метал
– 52% пластика
– 32% картон
– 18% стакло
(Споредба, едно шише за повторно полнење од 50ml + едно шише за повторно полнење од 100ml наспротив три шишиња од 50ml).
Cacharel
Jean Bousquet го основа брендот Cacharel во 1962 година како модна линија за ослободените жени на ерата. Дизајнерската филозофија на “удобност и леснотија при носење“ станува препознатлив стил на Cacharel. Младешкиот стил, женственоста, леснотијата, рафинираноста и користењето светли бои го издвојуваат Cacharel од останатите. Во доцните 70-ти е основана линијата на мириси Cacharel, со лансирањето на романтичниот и цветен Anais Anais. Како други најпродавани мириси се издвојуваат Eden, Loulou и Amor Amor, секој инспириран од заводливата женственост.








